📹Ендрју Гарфилд фотографиран на црвениот тепих со картонска верзија на неговата колешка

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Ендрју Гарфилд се појави на лондонскиот филмски фестивал пред прикажувањето на неговиот нов филм „We Live In Time“ и ја насмеа публиката со својот потег на црвениот тепих. Имено, неговата колешка од филмот, актерката Флоренс Пју, не можела да присуствува на проекцијата, па актерот се појавил со картонска верзија на нејзиниот лик во вистинска големина.

Насмеаниот актер среќно им позираше на фотографите на задоволство на присутните, а фотографиите станаа тотален хит. Актерката подоцна ги сподели фотографиите на својот Инстаграм и напиша дека Ендрју е генијалец.

Инаку, филмот ја следи љубовната приказна на разведена жена и готвач, чии животи се менуваат кога дознава за дијагнозата што и била поставена. Претходно за време на промоцијата на филмот, актерот раскажа како тој и неговата колешка се занеле снимајќи интимни сцени. Кога режисерот Џон Кроули викнал „сечи“, тие не го слушнале и продолжиле да „глумат“.

Слични содржини