📹Манчестер Јунајтед ќе го гради најголемиот стадион во Обединетото Кралство

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Работната група на Манчестер Јунајтед, која требаше да ја испита ситуацијата околу „Олд Трафорд“ и да излезе со став за фаворизирање на изградба на нов стадион или реновирање на сегашниот објект, даде препорака за изградба на нов стадион, информираат англиските медиуми.

Тие открија дека изградбата на нов стадион може да се случи во пократка временска рамка и да има подобро и поповолно влијание не само врз самиот клуб и неговите поддржувачи, туку и врз целата област околу сегашното соседство и локалните заедници.

Групата излезе со препораки за изградба на нов објект со над 100.000 седишта, што ќе го направи најголемиот стадион во Обединетото Кралство. Конечната одлука се очекува да биде донесена до крајот на годинава.

Еден од главните фактори зад таквата препорака беше тоа што Манчестер Јунајтед поседува значителна количина на земјиште околу „Олд Трафорд“, што практично ќе им овозможи на „црвените ѓаволи“ да играат на нивниот сегашен стадион додека не се изгради нов.

Прогнозите и првичните пресметки покажаа дека таков проект би чинел околу 2 милијарди фунти и би можел да трае околу шест години. Реновирањето би можело да чини помеѓу 1 и 1,2 милијарди фунти, но се очекува да потрае подолго поради сложеноста на реновирањето на оригиналните зданија, изградени во 1910 година.

Самата работна група ја сочинуваа луѓе од Манчестер Јунајтед, но вклучуваа и претставници од општината, архитекти и луѓе со искуство во изградба на вакви големи проекти.

Слични содржини