28
Репрезентативната пауза Жозе Мурињо ја искористи со своите играчи кои не играат во репрезентациите, за да одигра пријателски натпревар против руски Зенит.
Тимот од Истанбул победи со 2:1 со головите на Тосун и Мерџан, а единствениот гол за рускиот тим го постигна Ерохин.
Сепак, играта ја одбележа специјалниот асистент на Португалецот во клубот, а се работи за 13-годишно момче, кое беше воодушевено од потегот на Специјалниот.
„Не можам да верувам дека ова е реално“, вели малото момче на видеото кое Фенербахче го објави на социјалните мрежи на клубот.
Погледнете го видеото подолу: