Славниот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ беше исвиркан на „Сан Сиро“ по повод 125-годишнината на клубот. Иако беше еден од најомилените играчи на навивачите на Милан, јасно е дека најжестоките симпатизери не се задоволни од начинот на кој тој ја работи својата работа и резултатите на тимот.
Ибрахимовиќ и официјално е советник на сопственикот Џери Кардинале, но тој е тој кој најчесто го прашуваат за трансфери, поради што Антонио Д’Отавио неодамна поднесе оставка од функцијата спортски директор. Кога неговото лице се појави на екранот на „Сан Сиро“, навивачите го исвиркаа, на што Ибрахимовиќ само се насмеа.
— Milan Posts (@MilanPosts) December 15, 2024
Милан и Џенова одиграа натпревар без голови (0:0), а „росонерите“ им се оддолжија на легендите како Франко Барзи, Филипе Инзаги, Марко ван Бастен и други.
„Да ги поздравиме нашите шампиони – симболи на Милан кој повеќе не постои“, гласеше слоганот на навивачите.
Милан моментално е осми во поредокот во Серија А со шест победи, четири порази и пет нерешени.