📹Повредата на Кари ги загрижи Вориорс

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Кошаркарот на Вориорс, Стеф Кари ќе мора да оди на магнетна резонанца поради повреда на левиот скочен зглоб, поради која мораше да го напушти натпреварот помеѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс на почетокот на четвртата четвртина.

Вориорс загубија од Клиперс со 112:104. Сепак, повеќе од поразот, тренерот Стив Кер беше загрижен за состојбата на Стеф Кари, кој повреден го напушти теренот.

Како што дознаваат американските медиуми, искусниот кошаркар ќе мора да паузира извесно време и ќе пропушти одреден број натпревари.

– Тој зглоб многупати е „свиткан“. Тој мисли дека не е толку лошо. Сепак, ова очигледно претставува загриженост за нас“, рече Кер.

Кари за прв пат го повреди зглобот на нешто помалку од три минути до крајот на третата четвртина. Веднаш ја напушти играта, куцаше на страна и седна на клупата.

Тој се врати во игра во последниот дел, но за само неколку секунди ја влоши повредата. Овој пат отиде во соблекувалната.

За неполни 27 минути Кари постигна 18 поени со четири скока и шест асистенции.

По три одиграни натпревари, Голден Стејт има скор 2-1, а следниот меч го игра ноќта меѓу вторник и среда против Њу Орлеанс.

Слични содржини