📹Првите зборови на Лука Дончиќ по дебито за Лејкерси

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс ја совлада Јута со 132:113 во дебито на Лука Дончиќ за славниот клуб од Лос Анџелес. Словенецот во првиот натпревар за Лејкерси постигна 14 поени, пет скока и четири асистенции, а по мечот не ја криеше возбудата поради враќањето на теренот и дебито.

– Специјална ноќ, човеку. Начинот на кој ме пречекаа овде, моите соиграчи, организаторите, сите овде… Слушнав многу врева кога ме претставија и навистина го ценам тоа. Тоа беше посебен момент – изјави Лука Дончиќ по мечот во кој Лејкерси ја совладаа Јута.

Дирк Новицки беше тука за да го поддржи на неговото деби…

-Тоа значи многу. Голем пријател, одличен ментор. Навистина многу ми значи што дојде, истакна Словенецот.

Тој потоа го пофали својот нов тим …

– Многу опасен. Мислам дека топката се движи навистина добро во напад. Можеме да „затвориме“ многу играчи… Навистина сум среќен што се враќам на теренот – подвлече Дончиќ.

Слични содржини