📹Роналдо собори уште еден рекорд и не планира да запре

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Кристијано Роналдо е фасцинантен во последните три години, а колку и да сакаат некои да му го видат грбот и да го пратат во пензија, тој продолжува да возвраќа со… рушење рекорди.

Во победата на Португалија над Полска од 5:1, тој постигна два гола, вториот со ножички, но и собори уште еден од неговите многубројни рекорди. Со 132 победи во репрезентативниот дрес го престигна Серхио Рамос на таа листа „најмногу победи“. Долго време е фудбалер со најмногу настапи (217) и најмногу голови (136) во националниот тим, а ножичките му беа 910. гол во кариерата.

Не размислува за бројката од 1.000 голови.

„Искрено, не размислувам за бројката од 1.000 голови. Секако дека секогаш сакам да испишувам историја, но не сум фокусиран на рекордот“, изјави Роналдо.

Не ни размислува за пензија, иако се ближи неговиот 40-ти роденден.

„Само сакам да уживам во играта. План за пензија? Па, тоа ќе се случи за година, две. Не знам. Наскоро ќе наполнам 40 години и навистина сакам да уживам во тоа. Мотивиран сум што е можно повеќе, ќе продолжам да притискам Кога ќе дојде денот кога ќе ја изгубам мотивацијата, ќе ја завршам кариерата“, рече Роналдо.

Кристијано Роналдо освои се што можеше во клупската кариера, го крена и трофејот на УЕФА ЕУРО, но не и оној наменет за светски шампион. Затоа, за пензионирањето на Кристијано Роналдо ќе се зборува дури по завршувањето на Мундијалот во 2026 година, каде тој последен пат ќе атакува на трофејот кој го нема и толку силно го посакува.

Слични содржини