Во желбата да биде смешна, Арина Сабаленка, како и член на стручниот штаб и нејзиното момче, ја премина границата на вкусот, но и пристојноста. Најдобрата тенисерка на светот, сигурно разочарана што не ја одбрани титулата на Австралија опен, туку во финалето загуби од Медисон Кис, направи гест како да „уринира“ на чинијата која беше доделена за второ место.
За нејзина несреќа, некој го снимил овој повеќе груб отколку смешен потег и стана вирален. Реакциите на навивачите се многу негативни, а никој од Австралија опен не реагирал ниту коментирал.
Според корисниците на социјалните медиуми, ваквиот потег, иако имал намера да биде хумористичен, многу го навредува самиот турнир.
Let's all pee on it. 😂😂 #sabalenka pic.twitter.com/aJL30vn9BQ
— Tennis GIFs🎾🎥 (tip jar🫙📌) (@tennis_gifs) January 25, 2025
На видеото се гледа белорусинка со тројца членови од нејзината придружба како стојат околу чинијата на земјата. Најпрвин нејзиниот фитнес тренер Џејсон Стејси направи гест како да уринира во чинија, потоа се приклучи и момчето на Сабаленка, Георгиос Франгулис, а на крајот таа самата.
Цело време се смеат, јасно е дека се шегуваат, но за нивна несреќа некој го снимил сето ова.