На натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се случи контроверзна ситуација при изведувањето на пеналот на Хулијан Алварез, а прв кој забележа се беше… Килијан Мбапе.
Алварез го изведе пеналот, но се лизна, што резултираше со двоен контакт со топката, што според фудбалските правила не е дозволено и голот беше поништен.
Kylian Mbappé immediately noticed that Julian Alvarez’s penalty had two touches. pic.twitter.com/gvx0rdgGqO
— TC (@totalcristiano) March 13, 2025
Прв кој ја забележа оваа грешка беше Килијан Мбапе. Тој веднаш реагираше, сигнализирајќи двоен допир на судиите, што на крајот доведе до поништување на голот.
Голманот на Реал, Тибо Куртоа, исто така, почувствува дека нешто не е во ред и заедно со другите играчи го предупреди судијата Шимон Марсинијак, кој потоа употреби ВАР да го поништи голот поради двоен допир на Алварез.
Реал победи со 4:2 на пенали и се пласираше во четвртфиналето каде ќе игра против Арсенал.