📹Скандал во Шпанија: Откако голот на Барселона беше поништен, во ВАР собата се слушна „Фала му на Бога!“

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Фудбалерите на Барселона го победија Реал во 35-то коло од Ла Лига со резултат од 4:3 во нереално „Ел Класико“ за кое ќе се раскажува со години, а триумфот можеше да биде уште поубедлив доколку голот на Фермин Лопез беше признат во последните минути од натпреварот.

Голот беше поништен поради претходно играње со рака, а сега видеото од ВАР собата предизвика вистинска бура меѓу навивачите на Барселона.

Имено, судијата во ВАР собата Мартинез Мунуера го предупреди главниот судија Хернандез Хернандез да го поништи голот бидејќи, според него, топката ја погодила раката на Фермин.

Сепак, она што го предизвика бунтот беше непознат глас во позадината на видеото што може да се слушне за момент како вели: „Фала му на Бога!“ (во 37-та секунда од приложеното видео).

Видеото брзо стана вирално, како што се очекуваше, а фановите го изразија своето незадоволство во коментарите од овој метод на комуникација.

Да потсетиме, Барселона синоќа славеше на „Монжуик“ со 4:3 и со тоа го победи Реал Мадрид по четврти пат оваа сезона со гол-разлика од 16:7.

Слични содржини