📹УЖАС во Англија: Ѕвезда од Премиер лигата заврши во кома по ужасна повреда

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, е во индуцирана кома и е на интензивна медицинска нега по итна операција за сериозна повреда на абдоменот, објавија вчера англиските медиуми.

Повредата се случила за време на натпреварот против Лестер Сити во неделата, кога Авонији силно ја удрил стативата во обид да постигне гол.

Иако накратко се обиде да продолжи да игра по медицинската интервенција на теренот, набрзо стана очигледно дека не е во можност нормално да трча. Бидејќи Форест веќе ги имаше искористено сите замени, го завршија натпреварот со играч помалку. Вистинската сериозност на повредата беше потврдена еден ден подоцна, кога Авонији беше итно префрлен во болница и беше подложен на итна операција.

Авонији пристигна во Нотингем Форест во 2022 година од Унион Берлин и постигна еден гол во Премиер лигата оваа сезона. Неговата повреда претставува голем удар за клубот, кој значително ги намали шансите за квалификација во Лигата на шампионите со нерешен резултат против Лестер, но успеа да се врати на европската сцена по речиси три децении.

Слични содржини