📹Во Романија уапсен човек близок до „Вагнер“: Проруска платеничка група планирала напад во Букурешт?!

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Планираните напади на проруска платеничка група во романската престолнина Букурешт се спречени, објавија романските медиуми во неделата.

Групата, предводена од Хоратиу Потра, романско-француски платеник, кој активно учествуваше во граѓанската војна во Демократска Република Конго (ДР Конго) и беше поврзан со руската платеничка група Вагнер, беше пресретнат од полицијата во провинцијата Илфов на пат кон Букурешт, јави телевизијата „Антена3“.

При преглед на возилата на членовите на групата, полицијата меѓу другото пронашла и запленила повеќе огнени оружја, неколку секири, мечеви, мачети и ножеви, како и дрога, се додава. Потра бил одведен во полициска станица на сослушување, заедно со уште 13 лица, според телевизијата.

Тој е познат по неговата отворена поддршка на Калин Ѓорѓеску, ултранационалистичкиот кандидат кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, како и по неговите проруски ставови. Во петокот Уставниот суд на Романија го откажа вториот круг од претседателските избори закажан за в недела и ги поништи резултатите од првиот круг одржан на 24 ноември.

Одлуката беше донесена откако Врховниот совет за национална одбрана во средата ги декласифицира документите на тајната служба кои открија мешање на „државен актер“ во изборниот процес во Романија. Документите, исто така, ја открија мрежата зад ултра-националистичкиот независен кандидат Калин Ѓорѓеску.

Истиот ден, претседателот Клаус Јоханис рече дека Ѓорѓеску бил поддржан од странска земја, мислејќи на доказите собрани и на крајот презентирани од надлежните безбедносни и разузнавачки служби.

Слични содржини