📽 Британското кралско семејство ја честиташе Новата година

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

На профилот на мрежата X на британското кралско семејство се појави честитка по повод доаѓањето на 2024 година.

„Ви посакуваме Среќна Нова Година“, пишува на профилот на британското кралско семејство, покрај која е објавено и видео.

Претходната 2023 година беше повеќе од турбулентна за британскиот двор. Се редеа скандали како никогаш досега. Што ги очекува во следните 12 месеци? Дали скандалозните моменти можат да се надминат, избришат или неизбежно ќе ги следат како трага од минатото?

Дворот ја испрати 2023 година со божиќна прослава во Сандригам, каде што се појави и сопругата на принцот Ендрју, војвотката од Јорк. Тоа беше нејзино прво појавување на ваков настан по неколку децении и по бројни скандали.

Кралот Чарлс Трети сакал таа да се појави, па многумина се прашуваа дали тој ќе ги реши несогласувањата и со Меган Маркл и принцот Хари, иако природата на тие односи е сосема поинаква.

Слични содржини