Документарец од четири дела доаѓа на Нетфликс во кој Роби Вилијамс отворено ќе зборува за своето ментално здравје. Најавата го опишува како суров, искрен и реален. Режисер на серијалот е Џо Пералман.
„Борбата е реална, тагата шокантна. Ја имам цел живот. И нема да попушти“, ова се зборовите кои пејачот Роби Вилијамс ги употреби за да им даде до знаење на своите фанови дека боледува од телесна дисморфија.
Многумина мислеа дека оваа објава е неиспровоцирана, но сега е откриено дека на Нетфликс доаѓа документарен филм од четири дела во кој овој легендарен Британец отворено ќе зборува за своето ментално здравје.
„Би можел да напишам книга за чист самопрезир кога таа е главна околу мојата перцепција за сопственото тело. Страдам од телесна дисморфија и покрај тоа понекогаш имам и вишок 18 кг, можете да замислите што гледа мојата психа. Можеби не можете. Во секој случај, тоа е катастрофа. Во моментов сум слаб, но таков каков што сум, си мислам: ‘Одлично, Роб, успеа да ослабеш и сега си стар’. Борбата е реална, тагата шокантна. Ја имам цел живот. И нема да попушти“, најави музичарот и продолжи:
„Прифаќањето на самиот себе понекогаш изгледа тешко и невозможно. Како и да е, не сакам никакви комплименти. И ако некој друг се препознае во зборовите кои ги напишав, можеби тоа ќе ни помогне и на двајцата.