📽 Гори авион во Токио, евакуирани 379 лица: Се судрил со друг авион при слетување?

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Пожар избувна во авион на пистата на аеродромот Ханеда во Токио во вторникот, јавува Sky News.

Видеото од јапонскиот јавен радиодифузен сервис NHK покажува пламен како излегува од прозорците на авионот и под него. Запалена е и пистата.

NHK, повикувајќи се на властите, објави дека авионот, кој полетал од Хокаидо, можеби се судрил со друг авион при слетувањето во Ханеда.

„Гардијан“ пишува дека се чини дека авионот на Japan Airlines удрил во авион на јапонската крајбрежна стража.

Сè уште не е јасно дали авионот на крајбрежната стража имал некаква врска со спасувачките напори по земјотресот или дали има жртви.

Според последните информации, наводно евакуирани се вкупно 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines кој се запалил при слетувањето на аеродромот Ханеда, пренесува NHK.

Слични содржини