312
Пејачката Кети Пери имаше настап во Лас Вегас, а во публиката беше и нејзината тригодишна ќерка Дејзи Дов, која пејачката ја доби со актерот Орландо Блум.
Кети во еден момент ѝ се обрати на својата ќерка која стоеше насмеана во публиката во црвен фустан со бели точки.
„Дејзи, те сакам многу. Ти си мојата најдобра пријателка и мило ми е што си тука“, изјави пејачката.
🥹🥹🥹🥹🥹🥹🥹🥹🥹 pic.twitter.com/n785xTUHNX
— cinthia 🦋 (@cinperrymore) November 5, 2023
Овој момент ги разнежни сите, а Дејзи доби овации.
Пери во неколку наврати истакна дека нејзината ќерка и сопруг ѝ се најголемите двигатели и во приватниот живот и во кариерата.