211
Американскиот новинар Такер Карлсон во вторникот го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Карлсон има став кој се разликува од останатите. Тој во никој случај не е проруски, не е проукраински, туку е проамерикански. Но, во најмала рака, тој е значително различен од ставот на традиционалните англосаксонски медиуми“, изјавил Песков како одговор на прашањето зошто Путин му дал интервју на овој новинар.
Why I'm interviewing Vladimir Putin. pic.twitter.com/hqvXUZqvHX
— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) February 6, 2024
Такер Карлсон претходно денеска потврди дека дошол во Москва на планирано интервју со рускиот претседател, иако веќе неколку дена е во Русија.