📽 Лејкерси ги обвинуваат судиите за поразот – еве ги двете сомнителни одлуки во последните 33 секунди

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Лос Анџелес Лејкерс ги обвинија судиите за поразот од Минесота Тимбервулвс во четвртиот натпревар од нивната плејоф серија во првото коло на НБА.

Лејкерси водеа речиси цел натпревар, имаа +12 на крајот од третата четвртина и десет во средината на последната четвртина, но „волците“ ги свртија работите во „луда“ завршница и поведоа со 3-1 во серијата.

„Езерџиите“ веруваат дека одлуките на судиите во завршницата го решија прашањето за победникот.

На 33 секунди до крајот на натпреварот, при водство на Минесота од 114:113, Лука Дончиќ беше во дуел со Џејден МекДениелс, кој го сопна.

Словенецот падна на подот, но судиите не сакаа да досудат прекршок и Лука мораше да побара тајм-аут.

„МекДениелс го сопна Лука. Беше премногу очигледно. Никој нема да падне туку-така. Ја разгледавме ситуацијата и сме сигурни дека го сопна и дека требаше да имаме две слободни фрлања“, рече тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик.

„Сигурен сум дека ме сопна“, додаде Дончиќ.

Лејкерси тврдат дека лошите судиски одлуки не завршиле тука. При изедначен резултат на 10,1 секунди до крајот на натпреварот, Леброн беше во дуел со најдобриот играч на Минесота, Ентони Едвардс, кој му ја изби топата од раце, а потоа топката им беше доделена на Лејкерси.

Сепак, клупата на Минесота побара видео преглед, а потоа судиите доделија две слободни фрлања за Едвардс, кои тој ги погоди за конечна победа.

Леброн истакна дека го удрил Едвардс во раката, но дека тоа му било дозволено бидејќи играчот на Минесота ја ставил раката на горната страна од топката.

„Нешто такво се случува постојано. Раката е дел од топката, така велат. Ја удрив неговата рака што беше на топката. Топката падна и се одби од него надвор од теренот. Го гледав видеото неколку пати и така е“, рече разочараниот Леброн.

На Минесота им е потребна уште една победа за да се пласираат понатаму, а на Лејкерси им се потребни три последователни победи за да го свртат резултатот во серијата.

Следниот натпревар ќе се игра во четврток во 4 часот наутро по локално време.

Слични содржини