Милитантите на Хамас го нападнаа Израел следејќи високо организирана и внимателно испланирана операција што укажува на длабоко разбирање на слабостите на Израел.
Со цел да се реконструираат настаните од 7 октомври, кога Хамас започна брутален напад врз Израел, новинарите на „Њујорк тајмс“ интервјуираа над 20 преживеани, војници, воени и разузнавачки службеници, а ги анализираа и документите за плановите на палестинската милитантна група, како и снимки од нападот.
Десет вооружени напаѓачи од Газа точно знаеле каде да го најдат израелскиот разузнавачки центар – и како да влезат внатре.
A compilation of Hamas clips shows how the terror group invaded southern Israel yesterday. First they bombed Israeli observation towers and weapons systems on the border, then fired hundreds of rockets as terrorists on paragliders flew over the border. Moments later, Hamas… pic.twitter.com/D4iIoCV51q
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) October 8, 2023
Напад на базата
Откако влегле во Израел, тие тргнале на исток со пет мотори, по двајца на секој, пукајќи во цивилни автомобили кои поминувале по патот. На околу 15 километри излетале од патот во дел од шумата и застанале пред капијата на воена база без стража. Тие ја разнеле бариерата со мало експлозивно полнење, влегоа во базата – застанале за да направат групно селфи – а потоа убиле невооружен израелски војник. За момент изгледале несигурни каде да одат понатаму, а потоа еден од нив извадил нешто од џебот – мапа од комплексот во боја.
Вратата од утврдената зграда ја нашле отклучена и влегле во просторија полна со компјутери – воено-разузнавачкиот центар. Тие нашле двајца војници кои се криеле под креветот во собата и ги убиле.
Тоа го снимила камера прикачена на главата на напаѓачот, кој подоцна бил убиен. Видеото даде детали за тоа како Хамас, милицијата која го контролира Појасот Газа, успеа да ја изненади најмоќната армија на Блискиот Исток, да ја премине границата и да влезе на територијата на околу 50 километри, убивајќи 1.300 луѓе во најсмртоносниот ден во Израел во последните 75 години и земајќи повеќе од 150 заложници.
Palestinian resistance group Hamas has released a video that they claim shows the interior of an Israeli military base.
In the early hours of October 7, Hamas fighters raided Israeli bases in the region under the cover of thousands of rockets, catching the Israeli security… pic.twitter.com/0G2CgIfvlf
— TRT World (@trtworld) October 7, 2023
Ја пробиле границата, со дронови го уништиле системот за надзор
Со внимателно планирање и многу свесни за тајните и слабостите на Израел, Хамас и неговите сојузници ја преплавија должината на израелскиот фронт во Газа веднаш по зори. Тие со беспилотни летала ги уништија клучните кули за надзор и комуникација долж границата со Газа, затворајќи ги очите на израелската војска. Тие користеа експлозиви и трактори за да пробијат дупки во граничните барикади, дозволувајќи им на 200 напаѓачи да поминат во првиот бран, а на уште 1.800 подоцна истиот ден, рекоа властите.
Тие го нападнаа Израел со мотори, пикап камиони, дури и параглајдери, совладувајќи најмалку осум воени бази и нападнаа цивили во повеќе од 15 села и градови.
Документи со планови на Хамас, снимките од нападите и интервјуата со безбедносните службеници покажуваат дека групата имала изненадувачки софистицирано разбирање за работата на израелската војска, каде се стационирани специфични единици, па дури и колку време ќе биде потребно за да пристигне засилување.
Hamas militant group has launched an infiltration of Israel, crossing the border on foot, motorbike and apparently by air – with paragliders.
Israel has retaliated with strikes on the Gaza Strip, and Netanyahu declared the nation "is at war" 👉 https://t.co/tM53QT5stE pic.twitter.com/mpsQHookgN
— Sky News (@SkyNews) October 8, 2023
Израелската војска соопшти дека кога војната ќе заврши, ќе истражи како Хамас успеал толку лесно да ја пробие нивната одбрана.
Без разлика дали вооружените сили биле невнимателни со своите тајни или инфилтрирани шпиони, откритијата веќе ги вознемириле официјалните лица и аналитичарите кои се сомневаат како израелската војска – позната по собирањето разузнавачки информации – можела ненамерно да открие толку многу информации за своите операции.