Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Тирана се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рам.
Тоа е прва посета на Зеленски на Албанија, а Рама го пречека пред неговата резиденција.
По тој состанок Зеленски и Рама ќе учествуваат на самитот Украина-Југоисточна Европа.
Според објавената агенда, се очекува Рама и Зеленски да одржат воведни говори, а потоа и средба зад затворени врати.
Самитот ќе биде заокружен со нивна заедничка прес-конференција.
Во пресрет на самитот, Зеленски на платформата Х напиша дека ја цени улогата на Албанија и премиерот Еди Рама во поддршката на Украина и го нарече Рама „непоколеблив пријател на Украина“.
Денеска во Тирана се одржува првиот самит Украина-Југоисточна Европа.
Во главниот град на Албанија, по повод самитот, на централните улици биле закачени украински знамиња, а на платото на Конгресната палата бил поставен натпис „Самит Украина-Југоисточна Европа“.
Поради доаѓањето на Зеленски, бројни улици биле затворени за сообраќај, а на централните улици се присутни голем број безбедносни сили.