📽 Шпанија исфрли од авиони 12 тони хуманитарна помош во Појасот Газа

од desk2
31 прегледи

Транспортни авиони на военото воздухопловство на Шпанија вчера прелетувајќи над Појасот Газа исфрлија 12 тони хуманитарна помош, со вкупно 24 падобрани.

Количеството ќе обезбеди храна за 11.000 Палестинци, проценува Шпанија.

Освен достава на помош од воздух, Шпанија е една од водечките земји кога станува збор за доставена хуманитарна помош по копнен пат, но многу пратки и конвои се сопрени или во Египет или на границата со Израел/Појасот Газа.

Шпанија, по Велика Британија и Франција, е третата европска земја што се реши да доставува хуманитарна помош за Палестинците од воздух, среде растот на стапката на гладни во Газа.

Министерот за надворешни работи на Шпанија остро ја критикуваше политиката на Израел за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа, истакнувајќи дека е неопходно да се отворат копнените коридори.

Слични содржини