325
Силно невреме придружено со град, бура и торнадо го погоди грчкиот остров Родос во рано утрово.
Луѓето останаа заробени во автомобили, а како што пренесуваат грчките медиуми, силно торнадо на северот на островот откорнало дрвја во областа Калитеа, а штети биле предизвикани и во регионот Неа Марина.
Поради високиот водостој на улиците, некои граѓани останале заробени во своите автомобили во градот Родос. Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да извлечат три лица од возилата.
Родос, како што може да се види на видеата, го погодил и град за време на невремето.