Бројот на повредени во експлозија во хотел во центарот на Форт Ворт, во американската сојузна држава Тексас, се зголеми на 20, соопштија официјални лица.
Едно лице е во критична состојба, четири се тешко повредени, а останатите полесно, јавува NBC News. Претходно беше соопштено дека се повредени 11 лица.
Се чини дека вчерашната експлозија била предизвикана од истекување на гас, но тоа не е официјално потврдено, соопшти пожарникарската служба на Форт Ворт.
Massive Gas Explosion Hits Hotel in Texas, Mass Casualties Reported pic.twitter.com/q8ybOoimZ4pic.twitter.com/SLUrELEaUT
— GistReel.Com (@GistReel) January 9, 2024
Пожарникарите првично добивале повици за пожар во хотелот, а потоа добиле повеќе повици дека имало експлозија.
Во околината на хотелот се чувствува мирис на гас, соопштија од противпожарната служба, додавајќи дека не се знае дали истекување на гас ја предизвикало експлозијата или мирисот на гас се појавил како последица од експлозијата.
Во експлозијата биле откорнати делови од ѕидот и прозорските рамки од првиот и вториот кат на хотелот. Сите канцеларии на округот Тарант во центарот на Форт Ворт биле затворени по експлозијата.