📽 Вучиќ ветува: Никогаш нема да потпишам независност на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ во видео порака на својот Инстаграм профил порача дека никогаш нема да потпише независност на Косово.

„Почитуван народе, почитувани граѓани, во секоја изборна кампања слушате секакви работи, слушате сè. Добар дел се невистини и лаги“, го започнува Вучиќ неговото обраќање на Инстаграм.

 

„Никогаш нема да потпишам независност на Косово и нека им служи на чест на сите оние на српската политичка сцена кои кажуваат такви лаги“, рече претседателот.

Тој посочи дека „Србија не можат да ја срушат со лаги и затоа сум сигурен дека работата и резултатите секогаш ќе победуваат“.

Слични содржини