📽Алисон по мечот со ПСЖ: Ова беше веројатно најдобриот натпревар во мојата кариера

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер има 32 години, но верува дека веќе го одиграл мечот на својот живот. Во средата навечер тој беше херој во победата од 1-0 над Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, спасувајќи голем број шанси.

„Тоа веројатно беше најдобриот натпревар во мојот живот“, изјави Алисон за ТНТ Спортс.

– Менаџерот не предупреди колку ќе биде тешко против Пари Сен Жермен, колку се добри со топката во своите нозе и колку ќе биде тешко да ги победиме. Знаевме што да очекуваме бидејќи ова е многу квалитетен тим“.

„Ние вложивме многу напори, но добро е што заврши позитивно за нас“, задоволен е Бразилецот.

Слични содржини