Турски Галатасарај го донесе најголемото засилување во својата 120-годишна историја доцна синоќа. Истанбулскиот клуб се засили со Виктор Осимен, кој дојде од Наполи за рекордни 75 милиони евра.
Осимен, кој минатата сезона играше за Галатасарај како позајмен играч и постигна 37 гола на 41 натпревар во сите натпреварувања, доби неверојатна чест, а Турците уште еднаш покажаа зошто се веројатно најстраствените навивачи во светот.
Имено, Галатасарај го стримуваше летот на Нигериецот до Истанбул на својот YouTube канал, а малата точка што го претставуваше неговиот авион ја следеа дури 3,5 милиони луѓе.
👀 Osimhen için gelen kalabalık! pic.twitter.com/NrUkh05HjV
— Sabah Spor (@sabahspor) July 30, 2025
И илјадниците навивачи кои решија да го пречекаат на аеродромот му приредија спектакуларен пречек, а еден од многуте транспаренти привлече големо внимание, со оглед на тоа што го претставуваше Осимен како крал.
🚨🇳🇬 Victor Osimhen (26) arrives in Istanbul to permanently sign for Galatasaray! 🟡🔴 pic.twitter.com/jOK5GC8t8M
— EuroFoot (@eurofootcom) July 30, 2025
Осимен денес ќе ги помине медицинските прегледи и официјално ќе го потпише договорот, а Галатасарај веднаш ќе му плати на Наполи 40 милиони евра, додека преостанатите 35 ќе бидат исплатени на рати до крајот на сезоната.
Наполи се заштити со клаузула дека Галата не може да го продаде Осимен на друг италијански клуб до летото 2027 година, а Нигериецот ќе потпише тригодишен договор вреден вкупно 45 милиони евра.