📽Историски момент во кошарката: Погодена првата „четворка“

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Филипинците први во светот ја спроведоа на дело новата идеја за ново правило во кошарката и кош вреден четири поени надвор од линијата од 8,23 метри.

А историјата беше испишана синоќа кога Крис Банкеро, кој настапува за „Мералко Болтс“, влезе во аналите како стрелец на првата „четворка“ на мечот против Монголија во „Гувернерс купот“. Филипинците сега имаат две линии, една за три и нова за четири.

Во ФИБА имаше многу дискусии за воведување на „четворка“, но се остана само во теорија, додека Филипинците решија тоа практично да го применат од оваа сезона.

Ако можеме да прогнозираме, „четворката“ ќе биде воведена во НБА наместо во натпреварите на ФИБА, со оглед на тоа што веќе подолго време има разлика во правилата. Тројката е 6,75 метри во ФИБА, а 7,24 метри во НБА.

Ако малку го премотаме филмот и погледнеме наназад на тројките на Стеф Кари на Олимпијадата во Париз, асот на Голден Стејт би „растурил“ со „четворки“ во НБА.

Слични содржини