📽Невреме со силен ветер го погоди Белград, го дорастури „Ќациленд“

од desk2
211 прегледи

Прогнозираното силно невреме некаде околу 13 часот се спушти на Белград. Се очекуваше силната облачна маса која носи грмотевици, град и бурен ветер што пристигна од Бачка и Срем – северозападно од главниот град на Србија – за половина час да се упати кон исток и североисток.

Невремето во Белград пристигнало ненадејно – облаците како одеднаш да го покриле небото, и почнал силниот ветер што носел гранки и разни предмети. Настрада и „Ќациленд“, кампот на контрадемонстрантите пред Кабинетот на српскиот претседател Вучиќ – таму сега остана во нормална состојба само еден шатор, другите што го „преживеаја“ вчерашниот силен ветер, денеска „потклекнале“ пред силните налети.

Слични содржини