📽По Европското смисли песна и го прозва Халанд, сега доби суров одговор!

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Ерлинг Халанд ја започна новата сезона во Премиер лигата каде што застана минатата година, кога ја освои титулата и беше најдобар стрелец на натпреварувањето.

Тој веќе постигна гол во првото коло на првиот натпревар против Челси на „Стемфорд Бриџ“, а на тој меч имаше и дополнителен мотив.

Имено, негов директен чувар при голот беше Марк Кукуреља, шпанскиот репрезентативец, кој беше во центарот на вниманието во текот на летото кога го освои ЕУРО со „Фуријата“, а потоа испеа песна при која го прозива Халанд.

– Халанд трепери, оти доаѓа Кукуреља“ – пееше самиот Кукуреља, кој смисли прилично чудна и за многумина срамна песна за да го прослави својот успех со репрезентацијата.

Колку се тресеше Халанд видовме во неколку ситуации на мечот со Челси.

Прво го „истресе“ Кукуреља при голот како да не постои и го постигна водечкиот гол за 1:0, а потоа имаа интересен момент, кога Кукуреља поради грчеви легна на тревата, а потоа побара Халанд да му помогне.

Тогаш репортерите направија неколку интересни фотографии. Халанд имаше изглед „кој последен се смее, најслатко се смее“.

Дека Халанд сè лично сфатил се виде во неговата изјава по натпреварот.

– Кукуреља е смешен тип. Минатата година ми го побара дресот… а летово пееше песни за мене – изјави Халанд.

Слични содржини