📽Сандерленд потпиша со Гранит Џака

Швајцарскиот интернационалец потпиша тригодишен договор, а „Црните мачки“ ќе му платат на Баер Леверкузен 15 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Повратникот во Премиер лигата, Сандерленд, потпиша со играчот од средниот ред – Гранит Џака.

Швајцарскиот интернационалец потпиша тригодишен договор, а „Црните мачки“ ќе му платат на Баер Леверкузен 15 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси.

Џака се враќа во Премиер лигата по две сезони во Бундеслигата, во кои ја освои титулата и Купот на Германија со Баер Леверкузен. Претходно беше член на Арсенал.

Гранит Џака е дете на ФК Базел, а играл и за Борусија Менхенгладбах.

Во Сандерленд, играчот од средниот ред ќе го носи својот омилен број 34.

Слични содржини