Германскиот напаѓач Лерој Сане (29) официјално стана нов играч на Галатасарај. Сане потпиша договор со својот нов клуб кој ќе важи до јуни 2028 година.
Иако неговата пазарна вредност е околу 32 милиони евра, турските гиганти одлично ја завршија работата доведувајќи го во своите редови бесплатно откако му истече договорот со Баерн Минхен.
✈️ Galatasaray’ın yeni transferi Leroy Sane, İstanbul’a geldi pic.twitter.com/pMRtwoNqTW
— Oğuzhan Ort (@OguzhanOrt) June 11, 2025
За потсетување, Сане пристигна во Баерн пред пет години од Манчестер Сити во трансфер вреден 49 милиони евра.
Оваа сезона, тој има 45 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и шест асистенции.
Од своето деби во 2015 година, тој има 70 настапи за германската репрезентација, постигнувајќи 14 гола.