📽Трамп конечно покажа емпатија: Погледнете ја неговата реакција на прашање од украинска новинарка

За време на прес-конференцијата на самитот на НАТО во Хаг, реакцијата на Трамп на прашањето од новинарка на Би-Би-Си од Украина привлече особено внимание

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Вчера на самитот на НАТО, новинарката на Би-Би-Си, Мирослава Пеца го праша американскиот претседател дали САД ќе испорачаат системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина.

„Дали живеете во Украина во моментов?“, ја праша Трамп, на што таа рече дека моментално е во Варшава со своите деца, додека нејзиниот сопруг, кој е војник, останал во Украина.

Трамп, кој често се судира со новинарите, внимателно ја слушаше Пеца.

„Тој е таму сега? Вау, тоа мора да е тешко, нели? Тоа е тешко“, рече Трамп, видливо вознемирен.

„Ќе видиме дали можеме да ставиме нешто на располагање. Знаете, многу е тешко да се набават, а потребни ни се и на нас. Ги снабдуваме Израел и тие се многу ефикасни, 100 проценти“, додаде тој со смирен глас.

„Тоа е многу добро прашање и ви посакувам многу среќа. Гледам дека ве вознемирува. Поздравете го вашиот сопруг, во ред? Ви благодарам“, рече Трамп на крајот.

Слични содржини