📽Украинците уништија уште еден мост во Курск

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Украинското воздухопловство уништи уште еден мост на територијата на Русија, во областа Курск.

Откако го урнаа мостот на реката Сејм, командантот на украинските воздухопловни сили изјави дека на истата река е урнат уште еден мост, во градот Звано.

„Отиде уште еден мост! Авијацијата продолжува да го осакатува непријателот и неговите логистички способности со целни гаѓања“, рече командантот Никола Олешчук.

Да потсетиме дека претходно украинските сили уништија мост лоциран во близина на градот Глушков и ги поврзува областите на Курск кои сè уште се под контрола на Русија и областите каде Украина напредуваше во последните десет дена.

Слични содржини