📽️ Мечка со две мечиња снимена ноќе во тетовско Беловиште, друга мечка се гоштевала на трпеза во Отуње

од desk2
49 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео

Снимка од мечка со две мечиња снимени во шарпланинското село Беловиште предизвика вистинска сензација на социјалните мрежи.

Настанот се совпаѓа со случајот на мечка што дошла да се гоштева со остатоци од оброк на едно семејство на терасата на една куќа во селото Отуње, кое се наоѓа 15-тина километри југозападно од Беловиште.

Мечките претежно се хранат со храна од растително потекло, и во недостиг на природна храна во шумите и на планинските падини, честопати влегуваат во селата барајќи храна.