📽️Енрике ја коментираше тепачката по финалето на Светското клупско првенство: Ние не сме губитници

од Nikola Popovski
46 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека се обидел да ги раздели играчите за време на тепачката што избувна по поразот на неговиот тим од Челзи во финалето на Светското клупско првенство. Според видеата, Енрике не бил мирен во своето однесување и го турнал Жоао Педро на земја, но и го удрил.

Финалето, кое заврши со победа од 3-0 за Челзи, беше обележано со напната завршница откако Жоао Невес од ПСЖ доби црвен картон во 86-тата минута затоа што го повлече Марк Кукурела за коса. По последниот свиреж на судијата, играчите на двата тима се влегоа во мал конфликт.

Педро, Џанлуиџи Донарума и Ашраф Хакими беа во средината, а во еден момент Луис Енрике се чинеше дека го удира Педро во лицето. Енрике тврди дека немало намера за насилство.

„Немам проблем да признаам како се чувствував по натпреварот под таков притисок“, им рече Луис Енрике на новинарите и додаде: „Сите сме под стрес. Невозможно е целосно да се избегне тоа.“

„Сите беа вклучени. Не е најдоброто нешто, но е резултат на големиот притисок што доаѓа со ваков натпревар. Го видов тренерот на Челзи, Енцо Мареска и тој ги турнуваше другите. Моравме да ги разделиме играчите и не знам точно од каде започна сè.“

„Сепак, ова се ситуации што сите мора да ги избегнуваме. Тоа е само по себе очигледно. Мојата намера беше да ги разделам играчите за да не се влоши ситуацијата дополнително“.

По поразот што го лиши ПСЖ од можноста да ја заврши сезоната во која ја освои Лигата на шампионите со Светското клупско првенство, Луис Енрике рече дека неговиот тим не е „губитник“.

„Ние не сме губитници, тука нема губитници“, рече тој. „Ние сме второпласирани. Губитникот е оној што се откажува и останува во кревет. Нема губитници на ова ниво на спорт.“

Луис Енрике и ПСЖ сега одат на одмор, а ќе се вратат во натпреварувачки ритам викендот на 17 август кога ќе започне новата сезона во Лига 1.

Слични содржини