77
Пред два дена бил ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во општина Кривогаштани. На официјалната Фејсбук-страница на манастирот објавена е и снимка од кражбата на која се гледа како маж со фантомка ги собира парите.
-Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, стои во објавата на манастирот.
Оттаму споделија и фотографија од лице за кое постои сомневање дека го извршило грабежот, со повик до јавноста да помогне во неговата идентификација.
-Почитувани, доколку некој го понава лицето на фотографијата, ве молиме известете го манастирскиот одбор, додаваат од манастирот.
Црквите и манастрите во земјава се често мета на крадци и вандали.