Алексеј Навални, големиот критичар на Владимир Путин, денеска беше погребан во Москва две недели по неговата смрт. Тој бил придружуван од илјадници Руси кои извикувале разни пароли како „Русија без Путин“ и „Путин е убиец“, при што полицијата „наградила“ дел од нив со апсења. Откако ковчегот со телото на рускиот опозиционер било спуштено во гробното место, се огласи и неговата сопруга Јулија.
Таа не е во Русија поради можноста да биде уапсена и не се знае точно каде се наоѓа, се со цел да биде на сигурно од какви било обиди за напади кои се карактеристични за актуелниот руски режим.
Во емотивна видео порака таа се прости од својот сопруг.
„Ти благодарам за прекрасните 26 години, ти благодарам за љубовта, што секогаш ме поддржуваше, што ме смееше дури и од затвор, што секогаш мислеше на мене. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да те направам среќна и горда таму горе. Не знам дали можам да се снајдам, но ќе се обидам.
Сигурно ќе се сретнеме еден ден. Имам толку многу нераскажани приказни и толку многу песни за тебе, глупави и смешни. Генерално, да бидам искрена, страшни песни, но тие се за нас и навистина сакав да ти дозволам да ги послушаш. И навистина сакав да гледам како ги слушаш, се насмевнуваш и потоа ме прегрнуваш. Те сакам засекогаш. Почивај во мир“, објавила вдовицата на својот профил на „Х“.
Лёша, спасибо тебе за 26 лет абсолютного счастья. Да, даже за три последних года счастья. За любовь, за то, что всегда поддерживал, за то, что смешил даже из тюрьмы, за то что ты обо мне всегда думал.
Я не знаю, как жить без тебя, но я постараюсь так, чтобы ты там, наверху,… pic.twitter.com/ybF31AuD47
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) March 1, 2024