📽️Костовски објави сметки од „гозби и ручеци“ со потпис на Кочоска и Мицкоски

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски денеска објави сметки и фактури од времето кога министерката Гордана Димитриеска-Кочоска била директор за финансии во ЕЛЕМ, а премиерот Христијан Мицкоски директор на истата државна компанија. Тој обвини за аздисано трошење на народни пари.

-Ова е фискална сметка од ресторан во Белград, соседна Србија, вредна околу 100 евра, потпишана од Кочоска и Мицкоски. Што се јадело и пиело на сметка на народот: Џони вокер – блек, Дуњовача, Поховани јагнешки шницли, Купус салата, ќебапи, Крвав бифтек, чоколадно суфле, крем пита, „И као да си Анџео“. Потпишани Кочоска и Мицкоски. Кафана во Белград, стои во првата фискална сметка објавена од СДСМ.

Понатаму беше објавена и фактура за кетеринг услуги, односно 110 илјади денари во еден ресторан во Скопје, исто така потпишани од Кочоска и Мицкоски. Костовски обелодени и една фактура од 38.000 денари, од еден ресторан во Брвеница.

-Една минимална плата, едно седнување, 21.270 денари во истиот ресотран. Истата Кочоска која заедно со Мицкоски не даваат да се покачи минималната плата, им кажуваат на граѓаните и работниците каков грашок да јадат, дали треба цреши и грозје да си купат. Гозби, ручеци, кетернзи. Како да не знаеле да сопрат од кафани и ресторани, рече меѓу другото членот на СДСМ, објавувајќи уште неколку сметки и фактури.

Костовски беше дециден дека „лажните домаќини и моралисти парите на народот за по кафани и ресторани ги фрлале“.

Министерката за финансии неодамна рече дека ќе поддржи минимална плата 500 евра доколку има таков договор меѓу работодавците и синдикатите. Вели дека зголемувањето ќе влијае на малкумина вработени што земаат плата од државата.

Сојузот на стопанските комори уште на првомајскиот протест лани пред изборите побара од новата Влада во првите 100 дена минималната плата да ја крене на 450 евра, но за ова барање сѐ уште се водат преговори.

Сега барањето на ССМ изнесува 500 евра за минимална плата, со што ќе се зголемат и останатите плати.

Слични содржини