Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се најде во центарот на вниманието откако неодамна заврши во болница. Таа имала операција на абдоменот, но кралското семејство не сакаше да открие точно каков проблем има Кејт, велејќи дека принцезата „сака да ги задржи деталите за нејзината здравствена состојба за себе“.
Таа неодамна ја напушти болницата и се вели дека успешно закрепнува, а на социјалните мрежи сега кружи видео од 2019 година, кога принцезата, тогаш официјално војвотката од Кембриџ, го посетила основното училиште „Лавандер“ за време на одбележувањето на Неделата на менталното здравје кај децата.
Кејт Мидлтон им кажала на основците за тоа што прави за да се чувствува подобро, а во таа прилика открила и што веднаш ја враќа насмевката на нејзиното лице.
Принцезата извадила семејна фотографија од нејзината чанта на која се гледа таа, Вилијам и нивните три деца. Станува збор за семеен портрет кој е направен како божиќна честитка во 2018 година, а тоа е првата официјална семејна фотографија на која е и принцот Луи, кој е роден таа година.
View this post on Instagram
„Ова е фотографија од моето семејство. Ова се моите деца, а ова е мојот сопруг. Моето семејство ме прави среќна. Сакаме да си играме надвор заедно, да поминуваме многу време како семејство и баш тоа ме прави среќна“, им објаснила Кејт на учениците.