📽️Мицкоски преку видео го честита зголемувањето на пензиите

од Nikola Popovski
34 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака преку која им честита на пензионерите за покачувањето од 2.500 денари што ќе го добијат од утре.

„Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност“, порача Мицкоски.

Инаку околу 164 милиони евра годишно треба да издвои Владата од буџетот за да го обезбеди линеарното покачување од 2.500 денари месечно за сите приматели на пензии во Македонија. Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.

Ако покачувањето од март биде удвоено на вкупно 5.000 денари според ветувањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе бидат потребни над 330 милиони евра.

Зголемувањата на пензиите ја имаат предвид проекцијата за догодина – зголемени плати за 7 проценти и вработувањата за повеќе од 3 насто.

Во државава има над 330.000 пензионери, а анализите покажуваат дека сегашните вработени ги финансираат сегашните пензионери на неодржлив начин, односно придонесите што по однос на пензиско и инвалдиско осигурување се собираат од еден и пол вработен се доволни за да се исплати една пензија.

Слични содржини