Објавени се првите видеа од местото на страшниот напад на Полтава во кој загинаа најмалку 41 лице.
Во нападот се употребени две балистички проектили, 41 лице загина, а повеќе од 180 се повредени, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.
BREAKING: Russian missile strike hits Ukrainian city of Poltava, killing at least 41 people and injuring 180 others, Zelensky says pic.twitter.com/UbHOF7T2Le
— BNO News (@BNONews) September 3, 2024
Зеленски порача дека руските сили го погодиле градот со две балистички ракети, оштетувајќи ја зградата на Институтот за комуникации.
„Луѓето беа заробени под урнатините. Многу луѓе беа спасени, но повеќе од 180 беа повредени. За жал, има многу жртви. Засега знаеме дека загинале 41 лице. Моето најдлабоко сочувство до сите нивни роднини и најблиски. Наредив целосна и брза истрага за сите околности на она што се случи. Во спасувачката операција се вклучени сите потребни служби. Благодарен сум на сите што помогнаа и спасија животи од првите моменти по ударот. Руските ѓубриња сигурно ќе платат за овој напад“, наведе шефот на украинската држава.
Heavy losses reported after Russian missile strikes on the buildings of Ukrainian Army's 179th Training Center of Signal Troops in Poltava today.
Official death toll is at 41 with more than 180 injured. Many still under the rubble.
Unofficial numbers are way much higher. pic.twitter.com/lI8F7PWTyQ
— Clash Report (@clashreport) September 3, 2024
Тој повторно побара од западните сојузници да испратат повеќе системи за противвоздушна одбрана и да и дозволат на Украина да користи оружје со долг дострел на руска територија.
„Продолжуваме да ги повикуваме сите во светот кои имаат моќ да го запрат овој терор: на Украина и требаат системи за противвоздушна одбрана и ракети сега, а не во складиште. Далечни удари кои можат да не заштитат од рускиот терор се потребни сега, а не подоцна. Секој ден одложување, за жал, значи уште повеќе изгубени животи“, рече Зеленски.
Според Министерството за надворешни работи, видот на оружјето користено во нападот на воениот институт во центарот на Полтава остави малку време за луѓето да се засолнат кога се огласи предупредувањето за воздушен напад.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи во Украина покажуваат неколку тела кои лежат на земја покриени со прашина и остатоци, а зад нив е тешко оштетената страна на голема зграда. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди сликите.
„Една од зградите на институтот е делумно уништена, а многу луѓе останаа заробени под урнатините“, соопшти тамошното Министерство за одбрана на Телеграм.
„Благодарение на координираната работа на спасувачите и медицинските лица спасени се 25 лица, од кои 11 се извлечени од урнатините“, се додава во нивното соопштение.
Русија се уште не го коментираше нападот.
Полтава е град во централно-источна Украина кој не се наоѓа на линијата на фронтот. Досега не беше толку значајна цел на руски напади како Днепар, Запорожје или Суми.
Градот досега беше релативно мирен, но има важни воени објекти, вклучително и центри за обука. Има информации дека Русија користела извидувачки дронови пред овој ракетен напад, како што пишува Би-Би-Си.