📽️Пронајден возачот oд чиј камион паѓаа камења на патот Куманово – Крива Паланка

На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници

од Nikola Popovski
21 прегледи

Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово.

На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници.

На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое се гледа како од камион кој превезува градежна механизација паѓаат камења и ситни делови од бетон.