📽️Тотален мрак на булеварот „Кочо Рацин“, голема опасност за пешаците и возачите

од Nikola Popovski
387 прегледи

Јавното осветлување на булеварот „Кочо Рацин“ во строгиот центар на Скопје веќе неколку денови не функционира, па булеварот е во тотален мрак. Улиците околу булеварот исто така не се осветлени, така што единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради.

Во мракот не се гледаат пешачките патеки, ниту возачите можат да ги видат пешаците и велосипедистите кога минуваат улица.

За ваквата ситуација предупредуваат и од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

-Град Скопје, ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, Министерство за внатрешни работи – јавното осветлување мора итно да биде оспособено за да се намали ризикот за пешаците. Сите граѓани на Скопје преку сметките за електрична енергија плаќаат и за јавното осветлување и тоа мора да им биде достапни, велат од Иницијативата.

Оттаму информираа дека синоќа со трепкачи за велосипеди ги обележале пешачките премини.

Слични содржини