-4 Тетово, -3 Струмица, Битола, Берово, Куманово, -2 Виница, Прилеп, -1 Скопје…

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 8 часот).

1 Кр. Паланка, 3 Тополчани, 6 Скопје Петровец, 7 Струмица, 9 Д. Капија, 11 Скопје, 14 Битола, 15 Берово, 16 Тетово, 22 Крушево, 33 Лазарополе, 36 Пожаране, Ѓуриште, 50 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Тетово, -3 Струмица, Битола, Берово, Куманово, -2 Виница, Прилеп, -1 Скопје, Скопје Петровец, Штип, 0 Пожаране, Ѓуриште, Д. Капија, Тополчани, Кр. Паланка, 1 Дојран, Гевгелија, 2 Дебар, Лазарополе, 3 Маврово, Крушево, 4 Претор, Охрид.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше облачно и тивко време, по котлините имаше  ниска облачност и магла  со намалена хоризонтална и вертикална видливост. Во Тетово и во Демир Капија и во повеќето котлини видливоста е намалена  на 200 метри. На повисоките места и на планините е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со кратки сончеви периоди, во крајните западни делови на земјава ќе има услови за слаб локален дожд. По котлините ќе биде магливо и тивко, само на повисоките места и на планините ќе дува слаб југоисточен ветер.

Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 1 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде магливо и тивко, температуратаќе се искачи само до околу 1

степен.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе се задржи променливо облачно време  со сончеви периоди и со појава на магла по котлините и по речните долини. Повремен и слаб локален дожд  ќе има во  западните делови на земјава.

В понеделник се очекува  нашето подрачје да биде под влажен и нестабилен бран од Медитеранот, кога се очекува врнежите да се прошират насекаде и да бидат поинтензивни. Наместа ќе има и изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Кон крајот на денот какао резултат а спуштање на постуден воздух од север, врнежите  ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините, но постепено  ќе престануваат.

Слични содржини