149
По 45 минути од почетокот заврши протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда. Партискиот лидер Никола Груевски поддршка доби само од Антонијо Милошоски и Влатко Ѓорчев и стотина партиски симпатизери.
Ѓорчев го затвори протестот со својот говор во кој ги повика граѓаните утре да дојдат во поголем број пред Кривичниот суд, каде ќе се одлучува по жалбите за определените мерки притвор.