-5 Маврово, -4 Крушево, -3 Лазарополе, -2 Берово, Кр. Паланка, 1 Прилеп, Дебар, Битола, 2 Скопје

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

23 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-5 Маврово, -4 Крушево, -3 Ѓуриште, Лазарополе, -2 Берово, Кр. Паланка, Пожаране, -1 Тополчани, Претор, 0 Виница, Куманово, 1 Прилеп, Дебар, Битола, 2 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Гевгелија, Скопје Петровец, Дојран, Д. Капија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта како и утринава насекаде во земјава се задржа облачно време и постудено , особено на повисоките места и планините. Дува слаб ветер од југоисточен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне облачно, попладне променливо облачно со  сончеви периоди и со слаб  ветер претежно од југоисточен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 8 степени.

Скопје Претпладне облачно, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со пораст на  дневната температура. Поради намалувањето на облачноста, утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни и во опаѓање. До средината на работната седмица ќе дува северен ветер, кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.

Слични содржини