-7 Берово, -4 Кр. Паланка, Тетово, -3 Штип, Скопје, Битола, -2 Д. Капија…

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

19 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-7 Берово, -4 Кр. Паланка, Тетово, -3 Штип, Скопје Петровец, Битола, -2 Д. Капија, Претор, Прилеп, Маврово, Лазарополе, Дебар, Струмица, -1 Охрид, Пожаране, Ѓуриште, Скопје, Куманово, Виница, 0 Крушево, 1 Тополчани, 3 Гевгелија, 4 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на изминатата ноќ насекаде во земјава времето беше ведро и постудено. Утринава во поголемиот дел од земјава преовладува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност која повеќе е застапена во југоисточните и источните делови, а во Гевгелискиот регион има зголемена облачност. Постудено е на повисоките места во источните делови и по котлините. По одделни котлини има појава на слаба магла, а на некои повисоки места во источните делови има магла со намалена видливост до 50 метри. Дува слаб ветер претежно од јужен правец кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена локална облачност и со  појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен, а во западните делови повремено умерен од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 14 степени.

Скопје сончево со мала  до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневните температури ќе има во недела и понеделник.

Слични содржини