Новата прва дама на САД Мелани Трамп ги предупреди жителите на нејзиниот роден град Севница во Словенија да не го злоупотребуваат името со цел профит, пишува информативниот сајт Политико.

Севничани ќе треба да се откажат од новоотворениот начин за лесна добивка, користејќи го името на Мелани Трамп, бидејќи таа ангажира  адвокатска фирма која ќе го следи нејзиното име и лик да не се користат за комерцијални цели без нејзиното изрична согласност, прецизира Монитор.

Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, Словенците почнаа да го лепат името на Мелани на какво ли не. Така на пример во родната нејзиното Севница на туристите и странските новинари се нуди мед “Од семејната градина на Мелани”.

Правниот тим ангажиран од Мелани Трамп, ги предупредил жителите на Севница дека така  го нарушуваат словенечкиот закон за авторски права и дека немаат право да ги користат ликот на Мелани за рекламирање на разни производи.

Севничани сепак не биле многу импресионирани од предупредувањето. Бруно Видмар, сопственик на пицерија, вели за Политико дека од победата на Трамп на изборите неговиот обрт е зголемен за 20 проценти поради новиот десерт кој го нарекол “Мелани”.

“Први го смисливме. Многу новинари дојдоа во ресторанот, за да се обидат десертот кој по рекламата на Фејсбук и Твитер стана вистински хит”, вели Видмар. Тој исто така се консултирал со адвокат кој го утешил дека нема причини за загриженост, штом не го користи ликот на Мелани.

Нуша Видмар пак продава торта “Мелани”, која содржи бело чоколадо со ореви и шлаг.

“Гледавме ја и сакавме да направиме нешто убаво како неа”, вели Нуша, која тврди дека единственото  желба им била да ја изразат својата почит кон првата дама, а не да бараат лесна добивка.

“Ако Мелани смета дека тортата наречена нејзиното име е навреда за неа, веднаш ќе ја запреме”, додава таа.