Аналитичар тврди: „Америка е пред невозможен избор, долгорочно ситуацијата опасна“

од desk2
137 прегледи

Прашањето на Северна Кореја нема добар или лош избор, од два најизвесни двата се загрижувачки, а Америка ќе одлучи која опција и какви ќе бидат последиците кои ги очекуваат САД и светот.


Тестирањето на нуклеарна бомба, чија јачина се проценува на 10 пати поголема експлозивна сила од атомската бомба која падна на Хирошима, стана сериозна закана пред ескалација на можна нуклеарна војна на Корејскиот полуостров, но освен тоа постои и полоша можност.

Додека Соединетите Американски Држави и нејзините сојузници се натегаат како да подготват санкции доволно штетни за понатамошен развој на оружената програма на Северна Кореја и на крај да го запрат, многумина со право истакнуваат дека ни десетлетна дипломатија и санкции не успеале да го издржат ни да го спречат нуклеарниот раст на Пјонгјанг. Накратко, санкциите за малата земја насочена кон изградба на нуклеарната способност нема да ја запре во нејзините намери.
Место тоа, според зборовите на Малком Дејвис, виш аналитичар од австралискиот институт за стратегиска политика, САД и нејзините сојузници мора да направат „незавиден избор“ меѓу две загрижувачки иднини.

„Мораме или да употребиме воени средства за да ја неутрализираме заканата или че ја прифатиме Северна Кореја како нуклеарна држава“, вели Дејвис за Business Insider.

„Ако го направиме тоа, ќе избегнеме војна на краток рок, но долгорочно ќе завршиме во опасна ситуација“, вели Дејвис.

Слични содржини