Анкета: Мнозинството Германци сметаат дека АФД треба да биде изолирана во Бундестагот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

– Анкета на списанието „Штерн“ покажува дека 63 проценти од Германците сметаат дека националистичката партија Алтернатива за Германија (АФД) треба да биде изолирана во Бундестагот и ниту една друга партија не треба да отвори линии за соработка со АФД.

АФД имаше силен настап на парламентарните избори, освојуваќи над 12 проценти од гласовите, со што стана трета политичка опција во Германија, зад конзервативните демо-христијани и социјал-демократската партија. АФД почна како протест-партија која се спротиставуваше на покривањето на грчките долгови, но со текот на мигрантската криза се претвори во партија која се противи и на, како што велат нејзините претставници, “исламизацијата на Германија”.

Германците се поделени по прашањето дали на АФД сега и следува да именува потпретседател на Бундестагот, при што 52 проценти се „за“, а 44 проценти се „против“.

Влијателниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле најави повлекување од таа функција и преземање на лидерската позиција во Бундестагот, и негова задача ќе биде да се соочи со пратениците од АФД, кои веќе најавуваат бурна парламентарна активност со барање одговорност од Владата за мигрантската криза.

Но, и самата АФД партија, која досега помина низ повеќе внатрепартиски превирања, се соочува со нови проблеми откако нејзината најпозната претставничка Фрауке Петри најави дека ќе настапува самостојно во Парламентот.

Слични содржини